НАСТАНИ

НАСТАНИ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

cover
„Среќна и успешна учебна 2026/2027 година!“
Организацијата на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец
01.09.2026

„Нов почеток, нови насмевки – добредојдовте, првачиња!“

Денес нашето училиште беше исполнето со насмевки, радост и возбуда – го одбележавме првиот училишен ден и почетокот на новото поглавје за нашите првачиња.

Во училишниот двор им приредивме топол пречек со пригодна приредба во која настапија учениците од второ до шесто одделение. На првачињата и родителите им се обратија директорката Виолета Јаневска и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, со искрени честитки и желби за успешна учебна година.

Во училниците ги пречекаа учебници, слатки изненадувања и подароци со училишен прибор, подготвени со многу внимание и љубов.

Посебна благодарност до Тримакс и Кредисимо за донацијата и поддршката со која придонесоа првиот училишен ден да биде уште порадосен.

На нашите првачиња им посакуваме многу знаење, искрени пријателства, насмевки и прекрасни училишни спомени! 

Среќен почеток и успешна учебна година им посакуваме и на сите ученици од второ до деветто одделение! 

22.12.2025

Претстава во чест на патронот Кочо Рацин

Реализирана училишна претстава по повод 22 декември – денот на раѓањето на Кочо Рацин. Учениците со стих, драмска игра му оддадоа почит на Рацин – еден од најзначајните македонски поети.
слика-настан
„Почитта кон поетите претставува почит кон духовното наследство и културниот идентитет на народот.“
Организацијата на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец
Слика.1
„Со игра и песна учиме за фер-игра, храброст и пријателство. Ова искуство е потсетник дека знаењето и човечноста растат кога се споделуваат.“
Организацијата на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец
24.09.2025

Претстава „Music talent show“

Во нашето училиште се одржа претстава, во кои учениците од прво до петто одделение ја следеа претставата „Music talent show“ во организација на Алтернативен Театар Отпишани- Скопје.
Претставата беше интерактивна и поучна, а учениците следејќи ја имаа можност да учат за фер-игра, меѓусебна поддршка и храброст.
01.09.2025

Почеток на училишна 2025/2026 година

Денеска заѕвони првото училишно ѕвонче за најмалите ученици – првачињата.
Во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец се одржа пригодна манифестација на која присуствуваа градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, претседателот на Советот на Општина Петровец, Златко Ацевски, директорката на училиштето Виолета Јаневска, како и голем број родители. Пред присутните се обратија директорката Виолета Јаневска и градоначалникот Борче Митевски. Градоначалникот на првачињата им посака успешен почеток на првиот училишен час, со желби за постигнување одличен успех и лесно совладување на наставата.
првачиња
„Среќен почеток најдраги првачиња!“
Виолета Јаневска
Директор на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец
патронен
„Осум децении славиме знаење, посветеност и генерации што растеле во духот на образованието и човечноста. Овој јубилеј е поттик за уште многу иднини исполнети со успех и мудрост.“
Организацијата на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец
31.05.2025

Патронен празник

80 години јубилеј постоење на училиштето!

„Израз на уметност и култура“

Scroll to Top