НАСТАНИ
НАСТАНИ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

„Со игра и песна учиме за фер-игра, храброст и пријателство. Ова искуство е потсетник дека знаењето и човечноста растат кога се споделуваат.“

Организацијата на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец
24.09.2025
Претстава „Music talent show“
Во нашето училиште се одржа претстава, во кои учениците од прво до петто одделение ја следеа претставата „Music talent show“ во организација на Алтернативен Театар Отпишани- Скопје.
Претставата беше интерактивна и поучна, а учениците следејќи ја имаа можност да учат за фер-игра, меѓусебна поддршка и храброст.
01.09.2025
Почеток на училишна 2025/2026 година
Денеска заѕвони првото училишно ѕвонче за најмалите ученици – првачињата.
Во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец се одржа пригодна манифестација на која присуствуваа градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, претседателот на Советот на Општина Петровец, Златко Ацевски, директорката на училиштето Виолета Јаневска, како и голем број родители. Пред присутните се обратија директорката Виолета Јаневска и градоначалникот Борче Митевски. Градоначалникот на првачињата им посака успешен почеток на првиот училишен час, со желби за постигнување одличен успех и лесно совладување на наставата.

Среќен почеток најдраги првачиња!

Виолета Јаневска
Директор на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец

„Осум децении славиме знаење, посветеност и генерации што растеле во духот на образованието и човечноста. Овој јубилеј е поттик за уште многу иднини исполнети со успех и мудрост.“

Организацијата на ООУ „Кочо Рацин“ - Петровец