НАСТАНИ
НАСТАНИ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
01.09.2026
„Нов почеток, нови насмевки – добредојдовте, првачиња!“
Денес нашето училиште беше исполнето со насмевки, радост и возбуда – го одбележавме првиот училишен ден и почетокот на новото поглавје за нашите првачиња.
Во училишниот двор им приредивме топол пречек со пригодна приредба во која настапија учениците од второ до шесто одделение. На првачињата и родителите им се обратија директорката Виолета Јаневска и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, со искрени честитки и желби за успешна учебна година.
Во училниците ги пречекаа учебници, слатки изненадувања и подароци со училишен прибор, подготвени со многу внимание и љубов.
Посебна благодарност до Тримакс и Кредисимо за донацијата и поддршката со која придонесоа првиот училишен ден да биде уште порадосен.
На нашите првачиња им посакуваме многу знаење, искрени пријателства, насмевки и прекрасни училишни спомени!
Среќен почеток и успешна учебна година им посакуваме и на сите ученици од второ до деветто одделение!
22.12.2025
Претстава во чест на патронот Кочо Рацин
24.09.2025
Претстава „Music talent show“
01.09.2025
Почеток на училишна 2025/2026 година
